Пике оваа недела и официјално ќе потпише договор со променети услови според кои ќе добива помала плата, а колкава ќе биде таа се уште не се знае.
Соиред весникот „АС“, тој на состанок со Жоан Лапорта минатата недела се понудил да игра и бесплатно за само да се регистрираат новите засилувања.
Лапорта го ценел таквиот гест на Пике, нешто што не го направи Лео Меси пред една година кога се водеа преговори со Аргентинецот.
Сепак, Барселона не го прифатила предлогот на Пике, тој нема да игра беспари, но ќе игра за помала плата, а колкава ќе биде таа ќе биде утврдено наскоро кога ќе се направат сите пресметки и ќе се види потреба на клубот.
Во меѓувреме и Серхио Бускетс се сретнал со раководството на Барселона за намалување на својата плата.