По тешкиот пораз
во дуелот со ПСЖ во Лигата на Шампионите, Луис Енрике е на удар на
фановите кои упатија жестоки критики на адреса на стратегот.
На дуелот со
Леганес, од трибините на Камп Ноу често се слушаа свирежи на адреса на тренерот и
играчите.
Жерард Пике вели
дека не го разбира ваквото однесување, и застана во одбрана на Луис Енрике.
„Кога Луис Енрике
пристигна, бевме во го*на. Го надминавме тој лош период и стигнавме до тројната
титула” – вели дефанзивецот.
„Знам дека во
фудбалот меморијата е кратка, но сакам сите добро да погледнат во минатото и да
ја погледнат работата што тој ја заврши”.
„Не ми е јасно
како луѓето толку брзо забораваат. Не ги разбирам свирежите”.
„Со тренерот сме до смрт, заедно ќе се обидеме да излезме од оваа ситуација“.