„Пиев алкохол за да заспијам, а следниот ден шмркав кокаин за да можам да играм!“

by
1 минути читање

Лиам Хјус е малку
познат фудбалер, целата своја кариера игра во ниските лиги. Најголемо
достигнување му е настап на Вембли во 2014, кога постигна гол и помогна Кембриџ
јунајтед да обезбеди место во четвртата лига.

Во 2015 година
пак имаше прилика да игра против Манчестер јунајтед во ФА Купот и да одмери
сили со Анхел Ди Марија, Радамел Фалкао, Робин ван Перси и Давид де Хеа.

Тој сега е во
фокусот на спортската јавност на „островото“ откако проговори за проблемите со
менталното здравје и неколкуте обиди за одземање на животот.

„Бев убеден дека
на сите ќе имбиде подобро доколку јас повеќе не сум тука. Тоа беше едносмерна
улица до предвремено одење во гроб“
– вели Лиам Хјус.

„Се повеќе пиев,
бев изолиран и менталното здравје само ми се влошуваше“.

„Заработував
добри пари, речиси 1.000 фунти неделно, и помеѓу 300 и 600 фунти неделно трошев
на кокаин. Шмркав секој ден. Не можев да спијам, па пиев за навечер да
заспијам. Потоа следниот ден шмркав за да можам да функционирам“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани