По заминувањето на директорката Марина Грановскаја, од Челси си оди и Петр Чех. Новиот сопственик, Тод Боели ќе донесе и нови луѓе на раководните функции.
„Ми беше огромна привилегија да бидам во Челси на оваа функција во изминатите три години. Сега клубот е со нови сопственици, и чувствувам дека за мене е вистинско време да си заминам. Задоволен сум што клубот е во одлична позиција сега со новите газди и уверен сум дека клубот ќе има успешна иднина и на теренот и надвор од него“, изјави Чех.
Со коментар на одлуката се јави и сопственикот на Челси, Тод Боели.
„Петр е важен член на семејството Челси. Ја разбираме неговата одлука да се повлече и му благодариме за доприносот и посветеноста во клубот. Му посакуваме се најдобро во идинина“, изјави Боели.