Пет напаѓачи од кои Интер може да одбере партнер за Лаутаро во нападот за следната сезона

by
1 минути читање

Интер ќе треба да донесе напаѓач во летниот преоден рок, имаат пет реални опции.

Матео Ретеги – 23 годишниот напаѓач роден во Аргентина кој дебитираше за Италија и постигна голови против Англија и против Малта. Тој игра за Тигре и во лигата има дадено 25 гола од 35 меча. Тој има желба кариерата да ја продолжи во Европа.

Роберто Фирмино – Бразилецот е поразлична опција за нападот на Интер. Тој ќе си замине од Енфилд по крајот на сезоната кога договорот ќе му истече и за беспари може да пристигне во Милано.

Маркус Турам – Напаѓачот на Менгехгладбах исто како и Фирмино ќе биде слободен играч. За 25-годишниот фудбалер има повеќе опции, неколку клубови пројавуваат интерес, Интер е еден од нив.

Џанлука Скамака – Не се снајде најдобро во Вест Хем и по само една година може да ја напушти Премиерлигата и да се врати во Серија А. Интер му е една од опциите.

Пјер Емерик Обамејанг – И напаѓачот на Челси е ставен во опциите за Интер, поради неговото минато, но и сегашност поврзани со Милано. Тој како младинец играше за Милан, и се уште има членови од фамилијата кои живеат во овој град.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×