Пет фудбалери на Црвена звезда позитивни на ковид-19!

by
0 минути читање

Во Србија се играше фудбалер без некои посебни протоколи, имаше и публика на трибините, а резултатите од таквото лабаво однесување се чини дека почнаа да доаѓаат.

Црвена звезда соопшти дека позитивни на коронавирус се Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ.

Од клубот соопштија дека сите позитивни играчи се наоѓаат во строга изолација со постојан контакт со медицинските лица на клубот. Гобељиќ, Јованчиќ, Петровиќ и Конатар имале симптоми пред мечот против Пролетер поради што тој ден не биле на стадионот. А Бранко Јовичиќ нема симптоми ни сега, но и неговиот тест е позитивен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×