Перишиќ оди во Хајдук да ја освои титулата со хрватскиот клуб!

by
1 минути читање

Перишиќ ќе потпише договор со Хајдук до 2025 година, а до крајот на сезоната би требало да биде како позајмен играч од Тотнем.

Тој веќе подолго време е надвор од теренот поради повреда на предните вкрстени лигаменти во десното колено и се верува дека ќе се опорави дури пред крајот на сезоната.

Перишиќ е роден во Сплит, шест години беше дел од младинската школа на Хајдук пред да замине во младинскиот погон на Сошо во 2006 година.

Хајдук во моментов е лидер на табелата во Хрватска, но води голема битка со Динамо Загреб кој има шест бода помалку, но и два натпревари помалку.

Присуството на Перишиќ треба да биде мотив плус за фудбалерите на Хајдук во битката за титулата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×