Перишиќ: Меси ја сака титулата? Па ја сакаме и ние

by
1 минути читање

Хрватите го исфрлија Бразил од Мундијалот, а следната цел им е да ја поминат и Аргентина и да стигнат таму каде што беа на минатото Светско првенство, во финалето.

Постојано се зборува колку Меси ја сака титулата, дека таа би била круна на неговата блескава кариера, но Перишиќ вели дека колку што Аргентинецот ја сака титулата, толку и тие ја посакуваат.

„Навистина е прекрасно чуството да играте второ полуфинале во низа, но ние сакаме да имаме и второ финале. Очекувам сличен натпревар како против Англија пред четири години. Тогаш Англија имаше добар тим, сега има и Аргентина. Мораме да бидеме на нивото како и против Бразил, ако играме така се е можно. Меси сака да ја освои титулата? Па ја сакаме и ние. Сигурно дека затоа ќе бидеме 100% спремни“, изјави Перишиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани