Перишиќ: Конте живее за фудбалот, секоја минута, секој час, секој ден размислува за фудбал

by
1 минути читање

Перишиќ се реши да ја одбие понудата за продолжување на договорот со Интер и да се пресели во Тотнем каде што повторно ќе работи со Антонио Конте.

„Привилегија е да се работи со тренер како Конте. Во Интер со него ја освоивме лигата по 11 години пауза, беше навистина перфектна година. Среќен сум што повторно го гледам“, вели Перишиќ.

„Конте живее за фудбалот, секоја минута, секој час, секој ден, дури и кога спие размислува за фудбал. Ми се допаѓа неговиот карактер и знам дека ќе направиме добра работа тука“.

„Навистина сакав да дојдам во Премиерлигата, да заиграм тука, ова ми е остварување на тој сон. Тотнем во следните две години ќе биде мојот дом“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани