„Кралевите“
синоќа станаа шампиони на Шпанија, со победата од 2-1 над Виљареал ја осигураа
титулата број 34 во Ла Лига. Флорентино Перез разговараше со медиумите,
проговори за иднината и настапот на трансфер пазарот. Првиот човек на Реал вели
дека тие се прилично погодени од коронавирус кризата па нема да прават големи трансфери.
„Нема да има
големи трансфери, ситуацијата е многу лоша. Исто така, како може да реализираме
вакви трансфери кога побаравме од играчите да се откажат од платите“ – вели претседателот
на Реал.
Со години се шпекулира
дека Флорентино Перез сака да го ангажира Килијан Мбапе, но младиот Французин
ова лето сигурно нема да се пресели на Бернабеу.
„Мбапе ќе почека.
Реал Мадрид повторно ќе ги купува најдобрите играчи но откако ситуацијата ќе се
подобри“.