Перез изненадува со наследникот на Анчелоти, во Мадрид пристигнува Артета?!

by
1 минути читање

Серијата слаби резултати го разниша столчето на Карло Анчелоти, се почесто се пишува дека Флорентино Перез не е задоволен од работата и потезите кои ги влече искусниот стратег од Италија.

Се шпекулира за разделба во покрајот на сезоната, а последните информации велат дека еден од кандидатите за нов тренер на Реал Мадрид е Микел Артета.

Шпанецот има одлична сезона со Арсенал, и покрај тоа што „топчиите“ се најмладиот тим во Премиерлигата, играат на високо ниво и имаат 5 бода предност на врвот на табелата.

Микел Артета минатата година се поврзуваше и со кормилото на Барселона, каде помина неколку години во академијата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×