Одамна е јасно дека Алваро Арбелоа ќе ја заврши сезоната како тренер на Реал Мадрид, а потоа на негово место ќе дојде ново име. Уште по заминувањето на Чаби Алонсо од клупата и доаѓањето на Арбелоа, малкумина веруваа дека тој ќе остане на чело на тимот и следната сезона.
Вистина е дека Реал Мадрид имаше добри моменти под негово водство, но во Реал се бараат трофеи, а тоа го нема.
Арбелоа не успеа да ја стигне Барселона во трката за титулата, а доживеа и елиминација во Лигата на шампионите, што за Перез е премногу.
Така, Арбелоа ги брои последните денови на клупата на „кралевите“, додека веќе подолго време се шпекулира со имињата на неговиот наследник. Во игра беа Клоп, потоа Дешамп, Зидан, па и Покетино, но како што стојат работите, Флорентино Перез веќе донел одлука, барем според медиумите.
Според информациите на „Копе“, селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, е прв избор на Перез, кој веќе започнал конкретни чекори за негов ангажман. Наводно, првиот човек на Реал Мадрид веќе е во директен контакт со Скалони.
Аргентиецот сега е насочен кон Светското првенство на кое со неговата репрезентација ќе го брани трофејот, а Перез наводно е подготвен и да го чека завршувањето на турнирот за потоа Скалони да почне со работа во Мадрид.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Real Madrid have made direct contact with Lionel Scaloni as Florentino Pérez is now considering him as new Real Madrid manager!
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) April 27, 2026
— @COPE pic.twitter.com/Ke5Z5e6lpl