Перез и Лапорта се сретнале и заговарале трансфер на Мбапе во Барселона, но под еден услов

by
1 минути читање

Реал Мадрид со години се обидува да го ангажира Килијан Мбапе, ќе има нова шанса во следните месеци, но последните информации говорат за драматичен пресврт.

Барселона во 2024 ќе прославува 125 години постоење, ќе биде пуштен и новиот реновиран Камп Ноу, па „каталонците“ сакаат да го зачинат спектаклот со бомбастично засилување.

За оваа цел ќе бидат одвони стотици милиони евра, кои Барселона ги очекува како бонус од Суперлигата и ќе тргне по потписот на Килијан Мбапе во операцијата „Донатело“, прекарот на Французинот поради сличноста со познатите нинџа-желки.

Флорентино Перез и Жоан Лапорта неодамна имале средба, Барселона ќе даде целосна поддршка на Реал Мадрид во проектот Суперлига, а за возврат „кралевите“ ќе се откажат од Килијан Мбапе и ќе го остават за потпише за „каталонците“. 

Флорентино Перез имал еден услов, на натпреварите помеѓу Реал Мадрид и Барселона, Килијан Мбапе нема да смее да шутира со силна десна нова.

Секако, во ова нема никаква вистина, денес е денот на шегата во Шпанија, па Мундо Депортиво реши малку да се мајтапи.

Веста е зачинета со уште неколку интересни случки, Луис Енрике му објаснил на Килијан Мбапе колку ќе му биде убаво во Барселона, како новинарите ќе бидат пријателски настроени, па му препорачал и неколку ресторани.

Осман Дембеле пак му порачал на Килијан Мбапе дека не треба да се грижи за престојот, ќе му ги даде клучевите од неговата куќа во Барселона, а ќе му ги остави и сите игри од Плејстејшенот.

И спонзорот Спотифај ќе одигра улога со тоа што ќе му даде доживотна претплата на Килијан Мбапе.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×