173
Пепе Реина реши да остане во Италија иако имаше понуда и да се врати во Шпанија. Тој го одбра Лацио пред Валенсија.
„Лацио сака да соопшти дека потпиша перманентен договор со Пепе Реина“, стои во соопштението на Лацио.
Поранешниот голман на Наполи, лани потпиша за Милан, а по шест месечен престој беше испратен на позајмица во Астон Вила.