Пеп во Сити испиша историја, бројката на трофеи за десет години е страшна!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Сити стигна до нов трофеј под водство на Пеп Гвардиола, откако во финалето на ФА Купот го совлада Челзи благодарение на мајсторијата на Семењо.

Со овој триумф, каталонскиот стратег продолжи да ја испишува историјата на англискиот гигант. Гвардиола пред десет години пристигна на клупата на Сити, а во тој период успеа да освои дури 20 трофеи со клубот.

Под негово водство, Манчестер Сити освои една титула во Лигата на шампионите, шест шампионски круни во Премиер лигата, пет трофеи во Лига Купот, три ФА Купови, три Комјунити шилд трофеи, Суперкуп на УЕФА и Светско клупско првенство на ФИФА.

Сепак, сезоната сè уште не е завршена за „граѓаните“. Гвардиола има шанса да стигне и до 21. трофеј, доколку Сити успее да ја освои титулата во Премиер лигата. На две кола пред крајот, Арсенал има предност од две победи во однос на актуелниот шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×