Пеналот за кој сите ќе зборуваат: Рамос и Бензема пробаа да ги копираат Меси и Суарез (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид со
победа од 2-1 над Виљареал стигна до титулата од Ла Лига, а на мечот имаше еден
интересен момент. Кога „кралевите“ добија пенал, Серхио Рамос реши да ги ископира
Лео Меси и Луис Суарез. Дефанзивецот наместо да шутира, му асистираше на Бензема,
но Французинот прерано влезе во шеснаесетникот па голот беше поништен.

Судијата наместо
топка за Виљареал реши да го понови пеналот, Бензема превзеде одговорност и
погоди за 2-0.

Вакво изведување
на пенал е идеја на Јохан Кројф изведна уште во далечната 1982 година. Пирес и Анри убаво се избрукаа во 2005 година,
а Лео Меси и Луис Суарез умешно го изведоа тоа во 2016 против Селта и го
вратија во мода фамозниот потег на легендарниот Холанѓанец. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×