Пелегрини го испофали Мурињо откако Португалецот ги однесе во второ финале по ред

by
1 минути читање

Рома успеа да ја одбрани предноста од Рим, одигра 0-0 во Леверкузен и се пласираше во финалето од Лига Европа каде ќе игра против Севиља.

„Тој е поинаков, прави да ја сфатите важноста на мечот, ние дојдовме тука и секој знаеше што треба да прави“, вели Пелегрини за Мурињо.

„Го студиравме мечот, се организиравме себеси, гледавме видеа. Особено во Европа, можете да видите што ни донесе тренерот. Мурињо е креатор на нашите личности“.

„Има многу работи кои Рома може и мора да ги подобри. Но никој не може да ни ја земе пожртвуваноста и заедништвото кое го имаме на теренот и надвор од него. Баер е силен тим, добар во посед, тие требаше да нападнат, но ние се држевме заедно, како фамилија и успеавме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×