Пеле по смртта на Марадона: Еден ден заедно ќе ја шутираме топката во небото горе

by
1 минути читање

Иако важеа за ривали и постојано беше присутна дебатата кој е подобар, Марадона или Пеле, тие имаа меѓусебна почит.

Пеле откако слушна за смртта на Марадона меѓу првите изрази сочувство.

„Каква тажна вест. Загубив голем пријател а светот загуби легенда. Има уште многу да се кажува, но засега Бог нека им дава сила на членовите на неговата фамилија. Еден ден, се надевам заедно ќе ја шутираме топката на небото горе“, изјави Пеле.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани