Аталанта беше на
чекор до големо изненадување и пласман во полуфиналето од најелитното европско
натпреварување. Со голот на Марио Пашалиќ, „нероаѕурите“ од Бергамо беа на
чекор до победа над ПСЖ и минути ги делеа од славје.
Но во финишот „светците“
погодија два пати во период од 180 секунди и направија чудесен пресврт.
„Штета. Бевме
толку блиску“ – вели Марио Пашалиќ. „Но ова е Лигата на шампиони, тимовите кои имаат квалитет во нападот и
играчи како Нејмар и Мбапе, можат да постигнат два гола за две минути“.
„Разочарувањето е
големо, жалиме, но сакаме што побрзо да го заборавиме овој болен пораз и да се
подготвиме за новата сезона од Лигата на шампионите. Сторивме се што можевме,
нема сомнеж околу тоа, но ПСЖ има многу квалитетни индивидуалци кои можат да ви
создадат проблеми во секој момент“.
„Покажавме дека
можеме да се бориме и со најсилните противници и се надевам дека ќе можеме да
ги повториме игрите и успесите и во новата сезона“.