Партизан моментално е без УЕФА лиценца поради нерешен долг кон поранешниот фудбалер на клубот, Никола Антиќ.
Црно-белите не успеале да постигнат договор со српскиот дефанзивец за исплата на заостанати финансии. Антиќ сега настапува во Казахстан, но неговите побарувања од клубот сè уште не се регулирани.
Фудбалскиот сојуз на Србија сè уште не добил документи дека долгот е исплатен или дека се преземени конкретни чекори за решавање на случајот. Поради тоа, надлежната комисија ја одложи конечната одлука и му даде на Партизан рок од 48 часа да ја среди ситуацијата.
Доколку клубот успее да ја достави комплетната документација и покаже дека спорот е решен, ќе добие лиценца и ќе може да игра во европските натпреварувања.