Паредес со изјава за Меси предизвика паника кај Аргентинците (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Финалниот натпревар на Светското првенство би можел да остане запаметен и како последниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација.

Шпекулациите за можното повлекување дополнително ги засили неговиот долгогодишен соиграч Леандро Паредес, кој со својата изјава навести дека капитенот можеби веќе ја донел конечната одлука за репрезентативната кариера.

„Мислам дека тој веќе донел одлука. Се надевам дека не е така и дека ќе продолжи да игра, но одлуката е негова. Што и да го прави него среќен, ќе нè направи среќни и нас“, изјави Паредес.

Иако зборовите на Паредес предизвикаа бројни реакции, Меси сè уште не се огласил за својата иднина. По настапот на Мундијалот, каде што повторно беше меѓу најдобрите фудбалери на турнирот и одигра значајна улога за Аргентина, легендарниот напаѓач не откри дали ќе продолжи да настапува за националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×