Папу Гомез со насмевка на лицето си ја потпевнуваше химната на Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Папу Гомез е во
центарот на вниманието откако пред две недели против Митјиланд имаше жестока
расправија со тренерот Џан Пјеро Гасперини во соблекувалната. Некои извори
велат дека дури дошло и до физичка пресметка, па големи се шансите Аргентинецот да си замине во јануари.

Јувентус беше
посочен како една од можните дестинации, а пред почетокот на синоќешниот дуел
во Торино, камерите уловија интересен момент, Папу Гомез со насмевка на лицето
си ја потпевнуваше химната на „старата дама“.

Останува да се
види дали може да се реализира еден ваков трансфер, но Фабио Паратичи синоќа категорично
отфрли ангажман на Папу Гомез.

„Нема да го
купиме, задоволни сме со играчите кои ги имаме“
– порача спортскиот директор на
Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×