170
„Светците“
вечерва имаа натпревар во Купот на Франција, со 0-1 триумфираа на гостувањето
кај Каен и го продолжија настапот, но го загубија Нејмар.
По десетина
минути игра во второто полувреме, Бразилецот падна на тревата по еден остар старт
на Јаго и се држеше за коленото. По укажаната помош од лекарскиот тим,
напаѓачот продолжи но веднаш побара замена и директно се упати во
соблекувалната.
Повредата доаѓа
во незгоден момент, ПСЖ за 6 дена има дуел со Барселона во осминафиналето од Лигата
на шампиони, па Покетино сега нервозно ќе ги исчекува вестите за ситуацијата на
Бразилецот.