Причината за таквиот однос е кавгата со газдата на Лацио, Клаудио Лотито и инсистирањето на Пандев да замине во Интер.
Пандев сега во интервју за порталот „Лацио Сиамо Нои“ вели дека од Лацио си заминал поради лошиот однос со Лотито, туѓите интереси го избркале од клубот, жал му е што навивачите не ја знаат целата вистина.
„Јас во Лацио го играв најдобриот фудбал, најдобрите мечеви во кариерата ми беа за ‘бјанкочелестите’. Секогаш давав сѐ од себе за тимот на секој меч, а во тие пет ипол години сѐ беше благодарение на Делио Роси, кој ме направи важен играч. Ми даде шанса да играм во континуитет, беше клучен за да израснам. Во тие години, јас сѐ уште млад во еден многу важен клуб, се чувствував прекрасно благодарение на него“, вели Пандев.
„Лотито потоа реши да ме избрише од тимот. Балардини само што дојде, а јас не бев повикан за мечот со Суперкупот на Италија. Тоа ме разочара. Го освоивме Купот, јас бев најдобар стрелец и ми беше жал што не играв во Суперкупот. Сѐ беше интерес на менаџерите и раководството, а јас како млад фудбалер сакав само да напредувам“.
Интервјуто Пандев го дава во пресрет на пресметката меѓу неговите поранешни клубови Интер и Лацио која е утре со почеток од 12:30 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.