Пандев: Интер е во проблеми но може да ја победи Барса и да започне серија!

by
1 минути читање

Интер вечерва ја пречекува Барселона во 3. коло од Лигата на шампиони, натпревар кој може во голема мера да го одреди вториот патник од групата во нок-аут рундата.

Свое видување за пресметката даде и нашиот Горан Пандев, кој беше дел од тимот на Интер кој во 2010 ја победи Барселона со 3-1 на „Џузепе Меаца“ во полуфиналето и потоа ја елиминираше.

„Вечерашниот натпревар е многу поразличен од тој во 2010, тогаш се работеше за полуфинале, сега за пресметката од групите, доколку погрешите имате шанси да се корегирате“ – вели Македонецот.

„Пред 12 години одигравме одличен натпревар на „Џузепе Меаца“, нашиот најдобар натпревар во Лигата на шампиони. Во тимот имаше многу шампиони и тренер кој знаеше да направи разлика“.

„Интер во моментов е во проблеми, тоа можеше да се види на последните неколку натпревари. Им недостасуваат и важни играчи како Лукаку и Брозовиќ, но има играчи како Лаутаро, Џеко и Кореа, кој можат да направат разлика“.

„Интер можед да стигне до победа, и доколку победата, можат да излезат од кризата и да започнат серија“.

За сезоната во Серија А, Горан Пандев додава: „Мислам дека Интер и понатаму е најсилниот тим, но четири порази на стартот се многу. Но се уште не се надвор од трката за Скудетот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×