Пандев: Индивидуалец решава натпревар, но не носи трофеј во ЛШ!

by 24 фудбал
2 минути читање

Интер повторно го покори континентот – тимот од Милано по седми пат избори финале во најелитното европско натпреварување и сега го дели само еден чекор од освојување на четвртата титула во Лигата на шампионите. Големиот успех на „нераѕурите“ не остана незабележан ниту од Горан Пандев, кој со посебни зборови се осврна на својата поранешна екипа.

Легендата на македонскиот фудбал им оддаде признание на фудбалерите и стручниот штаб на Симоне Инзаги, велејќи дека Интер функционира како „едно големо семејство“.

Тие веруваа во финалето. Силата на групата излезе на површина.

Фратези е комплетен играч, не е лесно да се влезе во игра со такво темпо. Постигна прекрасен гол. Врзниот ред кој дава двоцифрен број голови. Игра одлично во одбрана, технички е многу силен. Многу сум среќен за него. Жал ми е што мора да се изостави играч како него, но со пет измени – сите се важни. Лаутаро? Пред седум дена имаше истегнување, не би играл на ниту еден друг натпревар. Самото негово присуство ѝ дава сила на целата екипа. Ја покажа сета своја вредност. Се надевам дека ќе ја подигне таа титула. Направи многу жртви, постигна многу голови. Мора да ја донесе таа титула назад во Милано. Чалханоглу ги проучува голманите, зборувавме за тоа. Шутира одлично. Ајде да не го урочиме. Играше интелигентно, како што знае. Барса ризикуваше сè. Дамфрис? Кога гледа простор – веднаш тргнува. Асистираше на Лаутаро. Излезе од теренот исцрпен. Барса не се менува, си тера по свое. Мора да се ризикува на вакво ниво. Тие си го играат своето, во наредните години ќе бидат сè потешки за победување. Зомер? Никогаш не сум видел голман кој е толку силен со топка во нозе. Не греши во додавање. Виде дека Симоне е лут, па веднаш му ја врати топката.

Интер направи прецизни засилувања. Ги доведе токму играчите што му беа потребни. Сан Сиро ти ги тресе нозете, не е лесно таму. Многу „врел“ стадион. Навивачите и оваа екипа беа полни со енергија, одиграа импресивно прво полувреме. Во оваа нова Лига на шампиони, Интер ја покажа сета своја сила. Индивидуалец може да добие два или три натпревари, но не и цела сезона во Лигата на шампионите. Оваа група е едно семејство. Да ги гледаш момците вака заедно – тоа е прекрасен пример. Сите плачеа“, заврши Горан по натпреварот.

Интер сезонава во Лигата на шампионите само 16 минути имал негативен резултат и единствениот пораз го доживеа во групната фаза против Баер Леверкузен – статистика што доволно зборува за доминацијата на тимот од „Џузепе Меаца“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани