Пандев: Имам историска триплета, победи на дербито на Рим и Милано но дербито на Џенова ми е табу

by
1 минути читање

Вечерва на програмата во Калчото е лутото локално дерби
помеѓу Џенова и Сампдорија. Горан Пандев има посебен мотив, тој никогаш не
победил на овој натпревар, па се надева дека конечно ќе слави и ќе обезбеди три
важни бода во битката за опстанок.

„Ја освоив историската триплета, имам победено во дербито на
Рим и дербито на Милано, но дербито на Џенова ми е табу“
– вели Македонецот за
Скај Спорт. „Ќе биде штета долку немам победа на ова дерби, и мислам дека ова е
право време за триумф“.

„Не знам дали победа на дербито ќе ни донесе опстанок, до
крајот ќе има уште три натпревари и Лече нема да се откаже. Сампдорија е
фаворит според табелата, но секое дерби е посебна приказна. Тие се безбедни,
ние сме под притисок, но имаме одиграно многу вакви натпревари и се надевам дека
ќе ги направиме фановите среќни“.

Горан Пандев ја игра најдобрата своја сезона по 2008/09, има
девет погодоци зад своето име, и на неколку натпревари беше од голема важност
за освојување на трите бода.

„Головите никогаш не ми биле на прво место, но секако дека
сонувам за двоцифрен број на погодоци и обезбедување опстанок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×