196
Бреша имаше одличен старт на натпреварот, со голови на Донарума и Семприни имаше водство од 2-0 а уште беше 13. минута.
Џенова до бодот дојде благодарение на два гола од пенал, првиот го постигна Фалке во првото полувреме, вториот беше дело на Пинамонти во вториот дел.
Џенова имаше доволно време и за комплетен пресврт но не упсеа да дојде до него.
Горан Пандев во игра влезе во 53. минута од натпреварот.
На десет кола до крајот Џенова има само еден бод над опасната зона и се чини дека до крајот на сезоната ќе води голема борба за опстанок, во следното коло играат против Јувентус.