Пандев ги предупредува Италијанците: Теренот во Скопје е катастрофа, ќе ви биде тешко да играте

by
1 минути читање

Во пресрет на
пресметката помеѓу Македонија и Италија во квалификациите за ЕВРО 2024 година,
Горан Пандев седна на разговор со неколку весници од „чизмата“.

Во интервју за „Ла Република“, поранешниот фудбалер на Интер, Лацио, Наполи и Џенова ги
предупреди Италијанците дека теренот во Скопје е катастрофа, па тие ќе се мачат
да играат како што сакаат.

„Против големи
репрезентации, Македонија игра без товар, знаеме дека немаме што да загубиме“

вели Горан Пандев.

„Италија треба да
внимава и на теренот, тој е катастрофален. Ова може да биде сериозен лимит за
„аѕурите“ кои се подобро технички потковани и сакаат да играат фудбал по
земја“.

По
пристигнувањето во Скопје, делегацијата на Италија веднаш се пожали од изгледот
на теренот на арената „Тодор Проевски“ кој е нерамен, со дупки и на делови без
трева.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани