183
Горан Пандев во новата сезона ќе влезе со нов тренер, Роландо Маран ќе биде новиот стратег на тимот на Џенова.
Маран кој во минатата сезона беше тренер на Каљари, стави потпис на двегодишен договор со Џенова.
Роландо Маран е искусен стратег кој вообичаено работи во просечни италијански клубови, досега бил тренер на Цитадела, Бреша, Бари, Киево, Катанија, Каљари…