Агентот на Дони ван
де Бек откри дека пандемијата со Ковид-19 била клучен фактор за фудбалерот да
не потпише за Реал Мадрид, иако, како што вели и самиот тој се’ било договорено за таков исход.
Фудбалерот од
средниот ред веќе потпиша за Манчестер јунајтед, меѓутоа, само неколку месеци
претходно тој веќе бил со една нога на „Сантијаго Бернабеу“.
„Постоеше голем
интерес за Ван де Бек, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Арсенал…“ вели Сјак
Сварт, холандскиот агент кој во однос на Арсенал наведе дека постоел голем
интерес, меѓутоа Премиерлигашот немал средства за да го реализира тој трансфер.
Првата изјава на Ван де Бек по трансферот во Манчестер јунајтед
„Во март се’
беше договорено за него да потпише
за Реал Мадрид, меѓутоа пандемијата одложи се’, клубовите не можеа да прават никакви придобивки,
не можеа да продаваат, целата слика се промени“ додава тој.
„Сметам дека
Манчестер јунајтед ја донесе правилната одлука, тие притискаа силно за овој
трансфер, тие се победнички клуб, посакуваат да се вратат на старите патеки“
заклучи Сварт.