Денеска од 21 часот, Манчестер Сити како актуелен освојувач на Лигата на шампионите ќе ја пречека Црвена звезда.
Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев за српскиот медиум „Курир“ вели дека и минимален пораз за Звезда би бил успех на овој меч.
„Шансите на Звезда против Манчестер сити објективно се многу мали. Сити е европски првак, има феноменален тим и секако е голем фаворит. Јас кога би бил тренер би играл со засилен среден ред и еден брз напаѓач, бидејќи мислам дека најдобриот дел од тимот на Гвардиола е средниот ред. Минимален пораз од Сити е еднаков на победа. Да се загуби чесно, а не со пет-шест гола разлика. Не е неуспех да се биде поразен од ваков тим, бидејќи тие се навистина фантастичен тим“, изјави Панчев.
„Халанд е исклучителен стрелец, кој зависи од добрата тимска игра. Ако тимот игра добро, ако создава, ако доминира, ако создава шанси, ако центрира, тогаш добар стрелец може да го претвори во гол на свој начин. Секако дека има начини да се чува, но околу него секогаш треба да има двајца играчи, бидејќи физички е исклучително силен и тоа му е една од силните страни. Секогаш може да држи еден играч на дуел, кога топката кружи околу шеснаесетникот и затоа е добро да има друг играч во близина за да може да реагира. Ќе биде тешко да се чува, но е можно“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.