Паљиња ги помина лекарските прегледи во Минхен, направил и промотивни фотки со дресот на Баерн и на крај му пропадна трансферот

by
1 минути читање

Жоао Паљиња
требаше да биде последното големо засилување за Баерн Минхен ова лето,
„баварците“ се сложија на Фулам да му платат преку 65 милиони евра за услугите
на фудбалерот од средниот ред.

Португалецот
денеска пристигна во Минхен, ги помина редовните лекарски прегледи, па дури
направил и промотивни фотки со дресот на Баерн.

Сепак, наместо
официјализирање на зделката и промоција како нов фудбалер на шампионот на
Германија, зделката пропадна во последен момент и Жоао Паљиња ќе се врати во
Фулам.

Фулам не успеа да
најде соодветна замена, па клубот од Лондон не дал зелено светло за
комплетирање на трансферот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани