Палермо е зависен од Илија Несторовски

by
1 минути читање

Џорнале ди Сицилија го посочува Илија Несторовски како клучен фактор за Палермо, човекот од кој зависат резултатите.

Кога Несторовски не постигнал гол, Палермо има освоено само пет бодоци. Таквата статистика го прави македонскиот фудбалер најодлучувачки напаѓач во Серија А. Со девет голови зад своето име, тој е заслужен за преку 64% од освоените бодови, со таа статистика тој е над Џеко и Игуаин.

Има уште 15 кола до крајот на сезоната, Палермо има 14 бода, осум помалку од Емполи кој е првиот тим во безбедната зона.

Во следното коло Палермо ја пречекува Аталанта која има одлична сезона и во моментов е на шестото место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани