Падна договор: Карло Анчелоти ќе го преземе Бразил!

by 24 фудбал
1 минути читање

Карло Анчелоти ја прифати понудата и ќе стане нов селектор на репрезентацијата на Бразил.

Фабрицио Романо пренесува дека Италијанецот постигнал договор со Бразилската фудбалска федерација, а соработката ќе започне уште од јуни. Најавите дека Анчелоти ќе ја напушти клупата на Реал Мадрид пред Светското клупско првенство полека се остваруваат, а официјалната промоција се очекува наскоро.

Реал Мадрид веројатно нема да стигне да ангажира нов тренер до јуни, па можеби на Светското клупско првенство ќе одат со привремено решение. Целта на „кралевите“ е јасна, а тоа е Чаби Алонсо.

Во својата блескава кариера, Анчелоти работеше во Реџиана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани