По неколкудневни преговори Челси и Рома ја договорија позајмицата на Ромелу Лукаку кој денеска ги прецизираше и личните услови со римскиот клуб.
Челси ќе плати 6 милиони евра за едногодишна позајмица плус бонуси со кои сумата би можела да достигне конечни 8 милиони евра.
Лукаку си ја намали платата за дури четири милиони евра за да го потпише договорот, во Челси зимаше 11,5 милиони евра, во Рома ќе добие 7,5 милиони евра годишно.
Според „Скај Спорт Италија“, авионот со кој Лукаку утре од Лондон ќе пристигне во Рим, ќе го лета сопственикот на римскиот клуб, Дан Фридкин кој има лиценца за пилот.
Лукаку во Рим ќе пристигне во 17 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.