Падна договор, Фати се сели во Монако, а причина за славење има и Ламин Јамал!

by riste
0 минути читање

Монако и Барселона се договорија за трансферот на Ансу Фати кој во наредните денови треба да биде и официјализиран.

Падна договор за едногодишна позајмица со можност за целосен откуп.

Во текот на наредните денови Фати треба да ги помине медицинските тестови во Монако и да стави потпис на договор со новиот клуб.

Преселбата на Фати во Монако значи дека ќе се ослободи легендарниот број 10 кој го носеше Лео Меси и тој број сега ќе го добие Ламин Јамал.

Десетката беше „тешка“ за Фати, ќе видиме како ќе ја носи Јамал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×