Пабло Мари беше еден од петмината кои синоќа беа нападнати со нож во супермаркет на „Карфур“ во Милано, дефанзивецот на Монца се здоби со исекотина на грбот.
Со порака на социјалните мрежи од болница, Пабло Мари попладнево се заблагодари за пораките со поддршка и испрати сочувство до семејството и пријателите на лицето кое почина.
„По тешките моменти кои ги искусивме синоќа, јас и моето семејство сакаме да ве информираме дека за среќа поминавме добро и сакаме да ви се заблагодариме за пораките со поддршка. Исто така, сакаме да испратиме сочувство до семејството и пријателите на лицето кое почина и искрено посакуваме сите повредени да оздрават што е можно побрзо“ – гласеше пораката на Пабло Мари, кој од болничкиот кревет испрати подигнати палци со својата сопруга.
Во меѓувреме, Монца побара да биде одложен натпреварот против Болоња кој е закажан за понеделник.
„Тимот е во шок по она што му се случи на Пабло Мари. Вчера се слушнав со сите играчи, и сите плачеа. Па затоа побаравме да биде одложен натпреварот, ќе почекаме да видиме што ќе се случи“ – вели генералниот извршен директор на Монца, Адриано Галијани.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.