Месут Озил блесна
на фудбалската сцена со одличните настапи на мундијалот во Јужна Африка, па
гигантите ширум Европа побрзаа да го ангажираат репрезентативецот на Германија.
На крајот Реал
Мадрид ја доби битката за потписот на Месут Озил во зделка вредна околу 15
милиони евра.
Во разговор со
Марка, фудбалерот сега откри како завршил во престолнината на Шпанија и покрај
тоа што сериозен интерес за неговите услуги пројавила и Барселона.
„Трката беше
помеѓу Реал Мадрид и Барселона, и парите не одиграа никаква улога“ – вели Месут
Озил, кој оваа недела стави крај на кариерта.
„Не знам дали ова
е познат факт, но тогаш ги посетив и Реал Мадрид и Барселона и разликата ја
направи Жозе Мурињо“.
„Жозе Мурињо ми
даде ВИП третман, ме прошета низ Бернабеу и ми ги покажа сите освоени трофеи.
Ми се наежи кожата“.
„Посетета на
Барселона не беше со таков ентузијазам, и најмногу ме разочара тоа што Пеп
Гвардиола не се ни потруди да се сретне со мене. Пред да ги направам посетите,
навистина ми се допаѓаше стилот на игра на Барса и можев да се видам како играм
за нив, но Реал едноставно стори се за да ме ангажира“.
„Тоа што го
направи Жозе Мурињо на крајот беше клучен фактор во мојата одлука. По посетите
на двата клуба знаев што сакам, сакав да бидам „мадридиста““.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.