Озил: Многу сум возбуден, цел живот навивам за Фенербахче, ова е остварување на мојот сон

by
0 минути читање

Озил го напушти Арсенал и се сели во Фенербахче, тој доцна синоќа пристигна во Истанбул, а веќе ја даде и првата изјава.

„Многу сум возбуден бидејќи отсекогаш сум бил фан на Фенербахче, ова е остварување на мојот сон“, вели Озил.

„Многу сум возбуден што ќе го носам дресот на Фенербахче. Се надевам дека ќе бидам многу успешен со мите соиграчи“.

„Нека Бог ги благослови нашите фанови бидејќи тие секогаш ни даваат поддршка. Како што реков, многу сум среќен што сум тука“.

„Се надевам дека на фановите ќе им се заблагодарам со добри игри на теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×