63
Лео Меси е еден
од најдобрите фудбалери во историјата, па често противничките фудбалери „се
тепаат“ за неговиот дрес. Но на синоќешниот дуел помеѓу Барселона и Динамо Киев
се случи момент кој ретко се гледа, гостинскиот тренер беше тој кој го побара
дресот на Аргентинецот.
Кога Лео Меси се
упати кон соблекувалната, најпрво се поздрави со Роналд Куман а потоа беш
сопрен од Мирчеа Луческу, кој имаше краток разговор со напаѓачот и молба да
добие дрес.
Капитенот на
Барселона одговори позитивно и гестикулираше дека дресот ќе биде даден
подоцна во подтрибинскиот простор на Камп Ноу.