Ова не се гледа секој ден, голманот на Атлетико Мадрид успеа да ја погоди пајак-камерта (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На дуелот против Атлетик Билбао, Јан Облак заработи повреда на рамото и потрес на мозокот па мораше да го прескокне дуелот против Рајо и на негово место шанса доби Иво Грбиќ.

Малку фалеше Хрватот да го сочува голот, неговата мрежа беше затресена во финишот, Фалкао погоди од белата точка и му откина два бода на Атлетико.

Иво Грбиќ сепак беше инволвиран во една случка која не се гледа секој ден. Голманот на домаќините при еден дегажман успеа да ја погоди пајак-камерта која виси над теренот и од птичја перспектива покажува како течат акциите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×