Ова не може да си го дозволи ниту еден друг клуб: Најдобриот во светот повеќе одмора, отколку што игра!

by Стефан
1 минути читање

Актуелниот освојувач на „Златната топка“, Усман Дембеле, оваа сезона во француската Лига 1 поминува повеќе време на клупата или на одмор отколку на теренот, а ПСЖ и без него речиси редовно победува.

Според податоците на статистичкиот сервис „FootMob“, Французинот во првите седум кола од француското првенство одиграл 237 од можните 630 минути, односно нешто повеќе од една третина.

Најдобро се покажа дека Луис Енрике има привилегија совршено да го користи Дембеле и да му ја дозира минутажата во саботата во Стразбур. Французинот влезе во игра околу 25 минути пред крајот, кога домаќините имаа водство, а потоа постигна гол, забележа асистенција и го предводеше ПСЖ до пресврт и победа од 3:1.

„Ако играш 25 минути, забележиш асистенција и постигнеш гол, не треба да играш повеќе. Тоа е доволно“, изјави по натпреварот тренерот Луис Енрике, пренесуваат француските медиуми.

Шпанецот објасни дека мора да внимава на оптоварувањето на секој играч бидејќи, како што рече, ниту Дембеле ниту останатите фудбалери не се машини. Сепак, во Лигата на шампионите и во репрезентацијата на Франција, Дембеле игра значително повеќе. Против Манчестер Сити остана на теренот 76 минути и повторно постигна гол и забележа асистенција.

Ротацијата засега дава резултати, а ПСЖ има можност да го зачува својот најдобар играч за натпреварите што ја одлучуваат сезоната, а едно големо дерби ги очекува парижаните и вечерва против Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×