„Спарси“ конечно го запишаа првиот триумф во Премиерлигата, вечерва пред своите навивачи со 3-1 го совладаа Ковентри.
Роберто Де Зерби може малку да здивне, Тотнем се израдува на првата победа во Премиерлигата оваа сезона.
Во последниот натпревар од 7. коло, „спарси“ пред своите навивачи го совладаа Ковентри со 3-1 и го напуштија дното на табелата.
Резултатот беше отворен во 14. Минита, Мадисон прекрасно погоди од далечина за водство од 1-0.
Сепак, на стартот од вториот дел, Рудони одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и реализираше за 1-1.
Но Тотнем брзо одговори со нов гол од далечина, Мармуш неодбранливо биеше во аголот за 2-1 во 58. минута.
Трите бода беа потврдени во судиското надополнување, Бен Дејвис погоди за 3-1 во 96. минута.
Покрај победата, за Тотнем добра вест е и враќањето на Дејан Кулушевски, кој по пауза од 526 дена повторно истрча на теренот.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur