Ова е понудата коja може да го одведе Де Брујн во Италија!

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот шампион Наполи амбициозно влегува во летниот трансфер-период, а како што пренесуваат медиумите на Апенините, раководството на клубот веќе испратило понуда до белгиската ѕвезда Кевин Де Брујн.

Според информациите, станува збор за тригодишен договор вреден 27 милиони евра и во Неапол веруваат дека тоа ќе биде доволно да го убедат Белгиецот.

Де Брујн има договор со Манчестер сити до 30 јуни оваа година, по што може да си замине како слободен агент, без никаква отштета. Во трката за неговиот потпис е и американскиот Чикаго Фајр од МЛС лигата, како и неколку клубови од Саудиска Арабија кои нудат многу повеќе пари, но се чини дека искусниот плејмејкер сака да остане во Европа.

Белгиецот пристигна во Манчестер сити во 2015 година од Волфсбург, за тогаш рекордни 75 милиони евра. Во изминатите десет сезони, тој одигра 421 натпревар, постигна 107 голови и имаше 177 асистенции, бројки што го прават еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот.

Со „граѓаните“ освои шест титули во Премиерлигата, една Лига на шампиони, два ФА купа и пет Лига купови. Двапати беше прогласен за најдобар фудбалер на сезоната од страна на Премиерлигата и од Здружението на фудбалски професионалци (PFA), а пет пати се најде во идеалниот тим на англиското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани