„Ова е лудост!“ – во Фулам разочарани од сумата која Ливерпул треба да ја плати за Харви Елиот

by
1 минути читање

Харви Елиот стана најмладиот дебитант во Премиерлигата откако истрча на теренот во дресот на Фулам со 16 годни и 30 денови.

Сепак, играчот реши среќата да си ја бара во друг клуб и потпиша за Ливерпул. Двата клуба не можеа да се договорат за висината на обесштетувањето, па целиот случај заврши пред комитетот за компензација.

Ливерпул нудеше нешто под 1 милиони фунти, Фулам бараше речиси 10 милиони, а на крајот беше одлучено „црвените“ да платат најманогу 4,3 милиони фунти.

Се работи а основна исплата од 1,2 милиони фунти, 300.000 фунти за потпис на првиот професионален договор, уште 200.000 фунти за потпис на вториот професионален договор како и бонуси од 2,6 милиони фунти.

„Сеакако дека сум разочаран“ – вели тренерот на Фулам, Скот Паркер.

„Се работи за играч кој долги години се развиваше во овој клуб, се работи за најмладиот играч кој дебитирал за Фулам. Не сакаме да трошиме 20-30 милиони фунти на засилувања, и затоа академијата ни е од огромно значење“.

„Ние го развивме тој играч, и на крајот се појави голем клуб и ни го украде. И за ова да добиеме само 4 милиони фунти, всушност до 4 милиони фунти, тоа е лудост“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×