Ова е една од најлудите трки за титулата во Европа, лидер е клуб кој 61 година не бил шампион!

by Стефан
1 минути читање

Австриската Бундеслига дефинитивно ја има една од најлудите завршница на сезоната во Европа, а на лидерското место е клуб кој повеќе од шест децении чека на титула.

Во плеј-офот за горниот дел од првенството, ситуацијата е максимално израмнета, четири екипи се во игра за тронот на само неколку кола пред крајот.

Австријците пред неколку години го променија форматот на натпреварувањето, го зголемија бројот на екипи од 10 на 12 и воведоа две фази, плеј-оф и плеј-аут За дополнително да ја зголемат неизвесноста, по 22 кола им се преполовуваат бодовите на сите клубови пред поделбата на табелата.

Токму овој формат се покажа како полн погодок, носејќи ја посакуваната неизвесност што сега се случува.

На врвот моментално е ЛАСК од Линц, клуб кој во својата 117-годишна историја има само една шампионска титула, освоена далечната 1965 година. Актуелниот шампион Штурм Грац е втор со ист број бодови, но со полош меѓусебен скор.

Во трката сериозно се вклучени и Ред Бул Салцбург, кој заостанува два бода, како и Рапид Виена, кој има три бода помалку од водечката двојка. Останува да видиме кој ќе се радува на крајот.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×