Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ се најде во центарот на вниманието во Италија по ситуацијата во натпреварот со Венеција кој заврши без победник 2:2.
По завршувањето на натпреварот фудбалерите на Јувентус дојдоа до навивачите, но место поддршка ги дочекаа навреди. Најмногу критики претрпе српскиот голгетер кој како што пренесуваат медиумите во Италија обивал смртни закани.
Според информациите на „Газета дело спорт“ специјалните единици за истраги и операции започнале истрага против навивач кој му упатувал закани по живот на напаѓачот.
Натпреварот против Венеција беше четврто реми во низа за „старата дама“, а Влаховиќ погоди од пенал во последните моменти од средбата.
VIDEO DIRETTAMENTE DALLO STADIO DEL PRESUNTO LITIGIO.
— Mary Di Dio (@marydidio_) December 14, 2024
Grazie a @labiondajuve pic.twitter.com/njjqGKj5Vc