Отварањето на новата сезона во Франција под знак прашалник, Марсеј пријави нови три случаи на корнавирус

by
1 минути читање

Во петок треба да
стартува најсилното фудбалско првенство на Франција, на воведниот меч силите ќе
ги одмерат Марсеј и Сент Етјен. Но натпреварот сега е под знак прашалник и
најверојатно ќе биде одложен.

Од таборот на
Марсеј денеска потврдија три нови случаи на коронавирус. Минатата недела, Жордан Амави беше
првиот играч на клубот од Велодром заразен со ковид-19, а тестовите направени
во сабота донеле три сомнителни случаи.

Вчера било
извршено ново тестирање на играчите и персоналот, нема нови заразени, но тројцата
сомнителни од саботата биле потврдени како позитивни.

Марсеј целата
документација ја доставил до ЛФП, и во следните часови ќе падне конечна одлука
дали ќе се игра мечот против Сент Етјен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×