22-годишниот аргентински напаѓач силно се поврзуваше со Барселона, но во последно време таквите шпекулации спласнаа.
Барселона нема намера да ја плати сумата од откупната клаузула, сакаше да најде друг начин на ангажман на Лаутаро, но Интер е тврд во преговорите.
Денеска, 7 јули истекува рокот за откупната клаузула во договорот на Лаутаро со Интер. Таа изнесува 111 милиони евра.
Според „Калчомеркато“, напаѓачот ќе остане во Интер и ќе продолжи да го носи црно-синиот дрес.
Поради финансиската криза создадена од коронавирусот, Барселона а ниту другите клубови немаат намера да дадат огромна сума за Лаутаро, а Интер не планира да го даде Аргентинецот на попуст.
Лаутаро постигна 12 голови на 27 натпревари во Серија А ваа сезона, вкупно 17 во 37 меча во сите натпреварувања.